Битолските стопанственици на средба со Кондовски

Кандидатот за градоначалник на СДСМ Христо Кондовски денеска на средба со битолските стопанственици.
Стопанствениците му ги предочија своите потреби и интереси.
„Денес сакаме кандидатот за градоначалник на СДСМ Христо Кондовски да се претстави и потребите и интересите за стопанството во Битола кои ни се многу важни ние да ги поставиме, да влезат во програмата а тој сигурно да одговори во кој што еве 20 години не сме добиле човек од бизнис заедницата, е среќа што се кандидирал еден ваков кандидат и многу ќе значи за Битола, за стопанството, од причина што знаете Битола  во која фаза остана во овие 20 години каде што фалат улична инфраструктура, фалат делови од ГУП-от, планови детални кои чекаат повеќе од 5 до 10 години, така што стопанството очекува промена, очекува многу значајни проекти од новиот градоначалник. Ние сме сречни секој што ќе понуди програма да ја прифатиме квалитетна и таа програма да биде исполнета во следните четири години“, рече Мирко Велковски, претседател на Регионална стопанска комора.
„На мое огромно задоволство сум помеѓу стопанствениците, да ги слушнам нивните предлози, идеи, проблеми, кои што сум ги споделувал досега, но и да слушнам од нив да ги надополниме и се надевам дека ќе најдеме заеднички решенија. Стопанствениците се оние кои се двигател на локаланиот економски развој, обрнувајќи му нив големо внимание обрнуваме внимание на цела Битола онака како што ја замислуваме локалано ,економски, развојна општина“, рече Христо Кондовски, кандидат за градоначалник од СДСМ.
Колку е значајна патната инфрструктурата на поголемите сообраќајни делници за развој на стопанството во регионот.
„Сите странски инвеститори баараат поврзувањето да биде со автопат или добар магистрален пат. Ние 20 години сме упорни и сме благодарни што се склучи договор за брз пат Дреново- Битола, но тоа не е доволно , тоа е времено за 5-6 години. Мора да почни изградба на една трајна инфраструктура која ќе биде автопатска, ќе оди за Велес преку Бабуна“, рече Велковски.
„Интерно во Битола, кажано народски, до таблите каде што пишува Битола, веќе не треба да станува збор, градот има буџет има ресурси , стабилни форми, јавни претпоријатија и подобра инфраструктура може да се направи. Тука се предвидени голем дел од проектите и сметам дека по 4 години комплетно ќе се смени сликата во тој дел на Битола. Од онаму каде што завршува таблата , каде се национални проекти јас ќе стојам рамо до рамо со бизнисмените, со сите мои лобистички ресурси , да издејствуваме и Битола да ја споиме со главниот град, со Грција онака како што доликува со автопати и брзи патишта“, рече Кондовски.
Од Регионалната стопанска комора во Битола најавија вакви средби и со останатите кандидати за градоначалници на Битола.

 

Сподели