Битолските фризери подготвени за 18-от „Hair Fair“

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Оваа година по 18-ти пат на 20 и 21 април во Национална опера и балет ќе се одржи манифестацијата „Hair Fair“, а во организација на Македонската фризерска асоцијација.

На манифестацијата ќе земат учество фризери од државата и Балканот, а ќе има и фризерски шоуа каде фризерите ќе имаат можност да ги покажат своите вештини и да ја истакнат својата уникатност.

„Од година во година овој саем е поддржан и од голем број на фризери од странство, што доволно кажува за големината на овој настан“, вели Димче Ивановски.

Со свое шоу на оваа манифестација ќе се претстави и Дилбера Атанасова, перикер во народниот театар која на 16 годишна возраст започнала да го изучува фризерскиот занает, а со свои 18 години го отворила и својот фризерски салон во Битола.

Битолчанката Кристина Кики Серафимова на оваа манифестација ќе се претстави со свое шоу на тема футуризам.

Сите натпреварувачи ќе се натпреваруваат во категории за машко и женско потстрижување, а ќе бидат оценувани и од жири комисија.

Share.