ТЕРА

REKLAMA???

БИТОЛСКИ ГРАДСКИ ВОДИЧ ДОБИ БИТОЛА

Битола доби „Битолски градски водич“. Достапен и како мобилна апликација и во печатена верзија. Едноставен, практичен и корисен, градскиот водич кој ќе биде од исклучителна помош и значење за сите домашни и странски гости кои ќе ја посетат Битола, вели Горан Пинза од Здружението„ Дојди види уживаj“ .

„Оваа година сакавме да биде порано, односно навреме. Се работи за Битолски градски водич или Bitola City Guide кој го има во печатена верзија во 12 илјади примероци кои ќе бидат распростаранети низ градот и регионот, односно на 50- на локации, каде најчесто престојуваат или поминуваат туристите, меѓутоа ќе го има и како мобилна апликација која што ќе може да се симне бесплатно и за андроид телефоните и за ајфон. Се работи за нешто кое налекува и можеме да го сретниме во големите европски центри, а и од таму е дојдена идејата. Тоа е потребно за градот, пред се за оние кои што доаѓаат тука и сакаат да бидат информирани каде сакаат да го поминат слободното време и да ги задоволат своите потреби после излегувањето од сместувачките капацитети“, вели Пинза.  

Како мобилната апликација така и печатената форма на овај градски водич е бесплатна, така што гостите односно туристите ќе можат да ја задржат за себе и да ја користат при повторно доаѓање во нашиот град. Концептот на овај градски водич е да биде едноставен и практичен за секоја генерација.

„Сметаме дека со мобилните телефони најчесто младите и лесно можат да ја симнат. Тоа трае неколку секунди, потоа откако ќе ја симнат се е подредено по категории така што покрај основните информации за градот и топ 10 те локации кои што ги имаме  како атрактивни места, односно локации кој што секој еден кој што ќе дојде треба да ги посети, потоа распоредено е по категории сместувачки капацитети, ресторани, пицерии, кафе барови, останати дејности и тури коишто ние во соработка со наши колеги ги нудиме за овај регион биде малку попромовиран и попосетен. Во печатената верзија на првите неколку страни ги има основните податоци за градот кратка историја, поважните телефонски броеви, на која надморска висина се наоѓа и колку е оддалечен од останатите центри во регионот како аеродроми, потоа опддалеченост од останатите градови како Солун, Тирана, Белград, Софија и потоа следуваат тие категории кои што секоја категорија е обележана со посебна боја и пишува од која страна до која страна се наоѓа таа категорија. На последната страна е залепена мапата“.

Здружението „Дојди види уживај“ кој што е дел од изработката на оваа мапа, веќе трета година организира бесплатни тури за младите од нашиот град, еднодневна посета на НП Пелистер.

Утре ќе биде официјалната промоција на овај битолски градски водич и неформално дружење на сите поддржувачи и пријатели на проектот.