Битолски краток филм „Човек и пустина“

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

„Човек и пустина“ е насловот на најновиот краткометражен филм во режија на Пеце Здравковски од Новаци, кој неколку години наназад учествува на натпреварот за краткометражни филмови. Претходно на овој фестивал учествуваше со филмовите „Farewell“ и „Dog of War“.

„Филмот е краткометражен, комедија, инспириран од виц. Учествуваме на Роде натпреварот кој е најголем од овој тип и очекуваме во најмала рака да бидеме финалисти, а се надеваме и на некоја награда“ посочува Здравковски и додава дека минатата година на овој фестивал добиле 4 номинации и биле на 2ро место со видеото од „Позади сцените“. Екипата беше мала вели Здравковски, но од цела Македонија, плус и од Норвешка.

Во екипата се потпишуваат: режија, монтажа, продукција и сценарио Пеце Здравковски, Директор на фотографија и аудио продукција е Ѓорѓи Вацев, Ketil Schei е композитор на саундтракот, тука се и Бојан Соклевски, Симона Јосифовска и Наташа Величковска.

За да ги поддржите овие креативни филмаџии, гласајте за нив на следниот линк: https://www.rode.com/myrodereel/watch/entry/8343

Share.