Битолски „Партизан“ и македонската гимнастика добија подарок – нов партер

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Федерацијата за гимнастички спортови на Македонија ја доби на подарок од Европската федерација, справата партер за македонската гимнастика.

Партерот во вредност од 33.000 евра ќе биде поставен во салата на клубот за гимнастички спортови „Партизан“ во Битола, град каде што егзистира и националната федерација. Донацијата е плод на добрата соработка на нашата федерација и претседателот Љупчо Арнаудов со Европската гимнастичка федерација и новиот претседател.

 

Share.