Битолски планинари им оддадоа почит на Калина и Александар

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Петмина битолски планинари од Планинарско-спортскиот клуб „Пелистер“ денеска се искачија на Кајмакчалан.

Како што вели за Тера телевизија Влатко Крбалески тоа го направиле во спомен на Калина и Александар.

„ На денот кога пред една година таму загинаа планинарите Калина Велевска и Александар Миновски, ние отидовме да им оддадеме почит“ вели тој.

И друга група од Битола денеска го искачиле Кајмакчалан, а имало и планинари од Прилеп и Охрид.

26-годишната Калина Велевска и 35-годишниот Александар Миновски загинаа на 10 февруари ланската година, по бурата што ги зафатила на планината Ниџе. Со помош на хеликоптер, 3 возила и 13 лица од службата за спасување на Грција двете тела беа извлечени од бездната.

Share.