Битолски рапер со песна за Груевски и Заев

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Груевски и Заев или скратено Г.и.З е насловот на новата песна на битолскиот рапер Дарко Јоцковиќ – Шабац, која деновиве ја промовираше на социлајните мрежи. Името Шабац опстојува над 10 години на битолската рап сцена и во секоја негова песна упатува силна порака за времето во кое живееме така и во оваа.

Пораката што сакам да ја пренесам преку песната е доста со политика, доста со Груевски и Заев, само тоа не’ интересира, политиката ни стана дел од секојдневието, па затоа сакам да ставам точка на се’ и да започнеме да се занимаваме повеќе со музика, спорт да ја оставиме политиката на тие што се платени за тоа“, истакнува Дарко Јоцковиќ – Шабац

Текстот и музиката ги напиша Јоцковиќ а спотот е снимен на паркинг во Битола и кај тунелот на обиколницата над Битола што според неговиот текст симболизира „тунел каде нема излез“ за „градот на кафето кој тони во талогот“ дополнува Шабац.

Спотот го снимаше и измонтира Дејан Трајчевски. Снимањето помина во доста пријатна атмосфера и премногу сум задоволен од самиот проект, песната е веќе на јутјуб и засега имаме доста позитивни коментари. Истакнува Јоцковиќ.

 

 

Share.