Битолски театар патува на фестивал во Црна Гора

0
1142

Црногорскиот Народен театар од Подгорица  од 30 мај до 8 јуни е организатор на Фестивалот на националните театри, со намера да презентира актуелни најзначајни продукции од театрите од регионот. Првото издание на Фестивалот , во текот на девет дена ќе ги собере  театрите од Босна и Херцеговина, Хрватска, Македонија, Србија, Словенија и Црна Гора. Фестивалот е од ревијален карактер.

НУ Народен театар Битола, пред публиката во Подгорица ќе настапи на 01. 06. со претставата „Коцкар„ од Ф.М.Достоевски во режија на Дејан Пројковски.

  • Достоевски е секогаш предизвик кога се работи бидејќи целокупниот човечки универзум е сместен во неговите дела. Коцкар е доста провокативно дело-истакна Пројковски и додаде – Целата претстава е едно сизифовско, но не искачување туку пропаѓање до дното или до дуплото дно, ликовите во претставата постојано се меѓу рајот и пеколот.

Претставата зборува за коцкањето и страста во која само со едно вртење на рулетот може човек да го направи да биде некој друг. Со секое вртење на рулетот има повторен и повторен обид, секој од ликовите заглавени во калта, да избегаат од сопствената кожа.

Оваа претстава е со шеснаесет битолски актери, меѓу кои се вклучени и студенти, но и доајенот на македонскиот театар Јоана Поповска.

Актерот Огнен Дранговски го игра ликот на Алексеј Иванович, познат како рускиот Хамлет.

Во останатите улоги се-Илина Чоревска, Митко С. Апостоловски, Сандра Грибовска,

Катерина Аневска Дранговска, Елена Моше, Николче Пројчевски, Марјан Ѓорѓиевски,

Петар Мирчевски, Соња Ошавкова, Петар Спировски, Александар Димитровски,

Никола Стефанов, Анастазиа Христовска, Благој Јовановски.

Сценските движења се на Олга Панго, сценограф е Валентин Светозарев,

костимограф Благој Мицевски, композитор Горан Трајковски.