Битолски „Фолксваген Шаран“ излета од патот Градско-Прилеп

0
2741

На 29.05.2018 година во 08,40 часот на магистралниот пат Градско – Прилеп патничко моторно возило „Фолксваген Шаран“ со битолски регистерски таблици управувано од 60 годишен битолчанец излетало од патот. Од незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди констатирани од страна на лекар од Општата болница во Прилеп, по што бил пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Скопје. На местото на настанот извршен бил увид од страна на увидна екипа од Полициската станица Прилеп. Се работи на целосно расчистување на случајот.