Битолското дерби вратено во стариот термин

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Дуелот меѓу Еурофарм Работник и Пелистер наместо на 28 ноември ќе се игра една недела порано, оваа среда на 21 ноември во 17:00 часот во спортската сала „Боро Чурлевски“.

Имено, двата клуба денес се договорија да играат во првично договорениот термин, бидејќи тоа е најдобра опција за двата клуба.

Во првото битолско дерби, Еурофарм Работник како гостин славеше со 22-33. Овој натпревар се очекува со нетрпение и заради настапот на Стефан Дрогришки против својата поранешна екипа.

Share.