Битолското стопанство и иновациите

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

По средбите со претставници од Стопанските комори на Македонија, денеска директорот на Фондот за иновации и технолошки развој на средба со битолските стопанственици. Се одржа првата инфо-сесија во соработка со Регионалната развојна фондација , на која што беше презентиран новиот јавен повик за финансирање на комерцијализација на иновации. Повикот се реализира во рамки на проектот на Владата за економски раст, кој воедно е и втор повик по ред. Новина годинава е тоа што Светска банка се вклучува како финансиски партнер. За финансирање на проектите за овај повик се обезбедени вкупно 5 милиони евра, од кои 3 милиони средства од Владата и 2 милиони стретства од Светска банка. Целта на денешната инфо-сесија како што рече директорот Деспотовски е што повеќе апликанти да се јават за проектот надвор од Скопје.


-Нашата цел денеска е тука прво да ги поттикнеме претприемачите од Битола и регионот да ги разгледаат условите и да се охрабрат да аплицираат, и второ низ една презентација да ги запознаеме со сите детали од повикот вклучително и со критериумите за селекција, и да им одговориме на сите прашања кои што дел од потенцијалните апликанти ги имаат. Новина е тоа што во соработка со Регионалната развојна фондација ќе им овозможиме техничка помош. Тоа што беше достапно како новина и кое што го воведовме минатата година кај сите апликанти до Фондот до фазата на подготовка на апликациите добија поддршка од наша страна и беше достапна само во Скопје, сега ќе биде достапна и во три други регионални центри во Битола, Струмица и Тетово, рече Јован Деспотовски, директор на ФИТР.

Директорот Деспотовски очекува голем интерес кај битолските стопанственици за овај повик .

-Ја користам приликата да ги повикам стопанствениците сите го погледнат повикот и да аплицираат. Она што го имавме како случај до минатата година, поголема концентрација од апликантите и од оние што успешно го поминуваат процесот во Скопје, она што сакаме да го промениме оваа година е да поттикнеме што е можно поголем број на компании што се надвор од Скопје да аплицираат, додаде Деспотовски.

Заинтересираните апликациите треба да ги достават најдоцна до 15 мај .

Share.