Битолчанецот Александар ја наслика Каролина Гочева

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

По концертната промоција во Битола на новиот албум „Извор “, Каролина Гочева доби портрет од битолчанецот Александар Поповски.

Вели дека инспирацијата е току нејзиниот нов албум, особено насловната слика од нејзиниот албум што за него била многу инспиративна.

Портретот е 30х40 см во маслена техника. Го работел три дена и вели дека во првата наредна прилика и лично ќе и го подари.

Во 2014 година ја насликал во црно-бела техника и тогаш инспириран од претходниот албум.

25 годишниот Александар Поповски од својата петта година се занимава со уметност.

Изработува портрети и уметнички слики, а во Македонија и пошироко е познат по одличните портрети на Тоше Проески.

Share.