ТЕРА

REKLAMA???

БИТОЛЧАНЕЦОТ БОЈЧЕВСКИ ИЗВЕДУВА КОМПОЗИЦИЈА НА СТАКЛЕН КАВАЛ

Битолчанецот, кларинетистот Горан Бојчевски  кој долги години живее и работи во Словенија, изведе македонска композиција на стаклен кавал.Истиот го израбти познатиот уметник Дино Муртезани од Тетово, кој на 15-годишна возраст се преселил во Словенија, каде што живее и работи сега. Познат е како извонреден уметник на традиционално-инструменталната музика во балканскиот регион.

Муртезани е уметник кој во текот на годините со музичката активност придонесе многу за албанската музика, правејќи ја албанската културно-уметничка традиција позната на Балканот. Со својот уметнички дух и со својот фасцинантен талент, Дино Муртезани донесе и интерпретираше неколку ремек-дела, преку инструменталните звуци на кавали. Тука е и соработката со Бојчевски и заедничкото музицирање на необичниот стаклен кавал, што е уште еден доказ дека преку музиката, овие двајца успешни музичари ги спојуваат народите и културите.

Горан Бојчевски често изведува концерти во Целје па така го одржа и новогодишниот концерт на кој изведе македонски композиции. На истиот специјален гостин беше словенечката оперска дива Сабина Цвилак која  настапувала заедно со најголемите светски имиња како: Андреа Бочели, Пласидо Доминго.Тој настапи и на 30 годишното одбележување од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Македонија и Словенија.

Бојчевски го вбројуваат меѓу најдобрите кларинетисти во светот. Своето школување го започнува во Македонија, во Битолското музичко училиште, додипломските студии ги завршува во Љубљана, а постдипломските на Универзитетот „Моцартеум“ во Салзбург. Како солист успешно соработува со врвни музичари и институции ширум светот. Изумител е на музичкиот стил „балкан нуево“, кој се потпира на македонската традиционална музика, модернизирана со елементи од класичната и танго музиката.

Пишува за најелитните европски универзитети, каде ги изведуваат неговите моите дела, настапува на сите позначајни фестивали во светот, меѓу кои и „Охридско лето“. Има освоено голем број на државни и меѓународни први награди.