Битолчанецот Владимир Неделковски на Светското параглајдинг првенство

 Светското првенство во параглајдинг оваа година се одржува од 31 ви октомври до 12 ти ноември во Аргентина. На 17 -тото издание учествува и македонска репрезентација од која дел е и битолчанецот Владимир Неделковски. Останатите членови се Александар Гацевски, Мартин Јованоски. Доказот дека Македонија го живее своето ‘златно време’ во овој спорт повторно се потврди годинава со врвните успеси и победи, на нашите пилоти на повеќе интернационални натпревари, меѓу кои и победата на Мартин Јованоски (кој победи на светскиот параглајдинг куп во Турција оваа година).

„Среќни сме што можеме да славиме триесет години од Светското првенство овде во Аргентина. Овој натпревар е особено значаен бидејќи, дури и пред само неколку недели, никој не мислеше дека ќе се одржи. Директорот Серџо Бујажа и генералниот организатор, Матиас Фортини, ги заработија своите места во историските книги за параглајдинг затоа што се обврзаа да организираат нешто што понекогаш се чувствува како Невозможна мисија„, истакнуваат организаторите.

Првенството се одржува во близина на градот Сан Мигел де Тукуман во северна Аргентина, 1.250 километри северозападно од Буенос Аирес. Пилотите ќе полетаат од 1350 метри високиот гребен на паркот Лома Бола. Светското првенство во параглајдинг FAI се одржува на секои две години. 

Оваа година има 150 пилоти од 38 земји од светот и тоа покрај од Македонија има пилоти од од Бразил, Колумбија, Јапонија, Чешка, Франција, Унгарија, Полска, Шварјцарија, Австрија, Србија и други земји.

Во 1991 година, Роби Витал беше крунисан за првиот светски шампион во параглајдерство.

Прогласувањето на победниците ќе биде на 13 ти ноември.

Трките може да ги следите во живо на следниот линк:

http://lomabola.com.ar/live-tracking

 

Неда Маретиќ

Сподели