Битолчанецот Горан Бојчевски со највисоко признание во Словенија

0
2036

Битолскиот кларинетист и композитор Горан Бојчевски ја доби највисоката општинска награда на градот Целје Словенија, за врвен творечки и изведувачки опус.
Манифестацијата се одржа на 11- ти април, а наградата на Бојчевски лично му ја врачи градоначалникот .

Роден 1982 година во Битола, Бојчевски влегува во редот на кларинетистите кои излегле од класата на ценетиот професор Панде Татарчевски. Како повеќекратен добитник на први награди на републичките натпревари, тој школувањето го продолжил на Факултетот за музичка уметност во копје, за да во 2006 година дипломира со највисока оцена во Љубљана, Словенија. Настапувал како солист на Академскиот симфониски оркестар, бил член на Оркестарот на Словенечката опера и балет, како солист на Симфонискиот оркестар на РТВ Словенија во 2009 година свирел во во Париз на примопредавањето на претседателствувањето со Европската унија, за да потоа магистрира на престижниот Универзитет оцартеум„ во Салцбург кај светски познатиот кларинетист и член на Берлинската и Виенската филхармонија – Алоис Брандховер.

Бојчевски има снимено неколку албуми со класична музика, а како солист настапувал и во Англија, Франција, Ирска и во други земји.

Неодамна настапи на сцена заедно со реномираниот гитарист Влатко Стефановски во Словенија.