Битолчанецот Дрогришки потпиша за клуб од Кувајт

Битолчанецот Стефан Дрогришки и покрај понудите од клубови од Суперлигата се одлучи кариерата да ја продолжи надвор од Македонија и да игра во Кувајт.

Дрогришки се одлучи за интернационална кариера и ова е првпат за него да игра надвор од Македонија. Неговиот нов клуб е Казма, а тоа е шампионот на оваа земја. Клубот веќе ја објави информацијата за неговото пристигање така што се очекува деновиве да има и официјална промоција.

26-годишниот ракометар настапуваше за Пелистер, Металург, Еурофарм Работник, а со македонската репрезентација настапи на Светското првенство во Франција во 2017 година.

Сподели