Битолчанецот Мустафов се врати во Ренова

Битолчанецот Бурхан Мустафов е најновото засилување на Ренова за новата натпреварувачка сезона.

Искусниот фудбалер од средниот ред по разделбата со Силекс, повторно се враќа во редовите на Ренова како засилување за сезоната 2021/22.

„Гипсарите“ во моментов ја реализираат финалната фаза од летните подготовки во Охрид, каде се планирани и неколку тест дуели. Вчера екипата на Османи го совлада Тиквеш со 1-0, со голот на Селмани.

Сподели