Битолчанец најдобар на мавровскиот Jam Session

0
1092

Љубителите на алтернативните зимски спортови можеа да уживаат во атракциите на 20 натпреварувачи, кои беа дел од првиот меѓународен турнир организиран од Ски центарот Маврово, наречен „Jam Session“.

Во мини паркот кој беше креиран само за овој настан беа поставени осум елементи на кои бордерите и скијачите ги изведуваа своите трикови, а организаторот соодветно ги награди најдобрите.

За апсолутен победник на првиот „Jam Session“ беше прогласен Никола Михајловски од „ССНЛ“ Битола, најдобар трик изведе Иван Ѓеоргиев од Скопје, додека наградата за најдобра дама ја доби Илзе Тими Донев од Скопје.