Битолчанец популарен на светските аеродроми

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Традиционални балкански звуци и мелодии се слушаат на светските аеродроми ширум светот благодарение на битолчанецот Христијан Спировски, кој живее во Мелбурн, Австралија. Тој веќе долг период е атрактивен на светските аеродроми каде на пијано изведува композиции од најпопуларните светски хитови, но и традиционалниот мелос од Балканот и секако Македонија.

Неодамна на својот youtube канал сподели 40 минутно видео од аеродромот во Доха каде ги забавуваше патниците од целиот свет, имајќи предвид големината на аеродромот и фреквенцијата на патници која ја има таму, публиката е огромна, а нивната реакција се забележува во видеото каде со воодушевување го поздравуваат Спировски и го поздравуваат со аплауз неговиот талент.

Христијан Спировски е роден на 24 ноември 1987 година во Мелбурн, Австралија. Потекнува од музичко семејство, со музика се занимава од 7-годишна возраст. Неговите почетоци се токму во Битола, на детскиот фестивал „Си-До“, а публиката го памети и како еден од учесниците на детскиот серијал „Пулзи квиз шоу“ на МРТ во 1999 година. Зад себе ги има и учествата на фестивалите „Мал конзул“ и „Тра-ла-ла“, како и настапи на локалните телевизии во Битола и во останатите градови од Македонија (Скопје, Охрид, Струга, Ресен и Прилеп).

Во продолжение дел од неговиот настап на аеродромот во Доха, а целосното видео можете да го погледнете на неговиот youtube канал.

Share.