Битолчанец починал на Тумбе кафе при утринска прошетка

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Средовечен битолчанец, утрово околу 7 часот, починал при утринската прошетка на Тумбе кафе. Несреќата се случила во близина на скалите пред искачувањето на оваа рекреативна зона. Настанот ги вознемирил битолчани кои  редовно секое утро рекреираат и се искачуваат на ридот.Настанот е пријавен во битолската полиција и во Основното јавно обвинителство. Лефтерија Миленкоска, портпарол на СВР-Битола, за апла.мк, потврди дека обвинителот по извршениот увид не дал насока за обдукција, туку била констатирана природна смрт.

Share.