Битолчанец се сомничи дека произведувал и тргувал со детска порнографија

0
2363

Секторот за внатрешни работи Битола поднесе кривична пријава против П.П.(49) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “производство и дистрибуција на детска порнографија“. На 14.02.2018 во Битола, по наредба од судија за претходна постапка при Основен суд Битола, бил извршен претрес во домот на пријавениот при што бил пронајден и одземен компакт диск со детска порнографија, соопшти МВР.