Битолчанец четврт во земјава по највисоки приходи

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Управата за јавни приходи ги соопшти највисоките остварени приходи во 2017-та година.

Во 2017 година вкупно 455 915 граѓани поднеле Годишни даночни пријави од коишто доброволно пријавиле 192 150 172 035 денари годишни бруто приходи, како и 11 618 491 776 денари персонален данок.

Највисокиот годишен бруто приход за 2017-та година е пријавен во Годишна даночна пријава којашто била поднесена од скопјанец и изнесува 212 милиони денари.

Втор на листата е жител на Скопје кој пријавил приход од 207 587 649 денари, на оваа листа се најдоа и жител од Струга со остварени 135 137 869 денари и од Битола кој пријавил 92 922 049 денари.

Здравството, фармацијата и информатичките технологии и во 2017 година се сектори каде што се исплатиле највисоки плати. Највисоката годишна бруто плата во 2017-та година е исплатена во секторот здравство и изнесува 167 687 011 денари.

Највисоката добивка од лото, обложување, казино и учество на наградни игри е пријавен од страна на Тетовец кој само по овој основ остварил 9 милиони 999 илјади и 041 денари.

Во 2017-та, пензионер од Битола пријавил 55 милиони 559 илјади и 568 денари вкупен годишен бруто приход по сите основи, вклучувајќи ја и пензијата. Додека највисок бруто приход само по основ на пензија е пријавен од страна на скопјанец во износ од 5 милиони 728 илајди и 934 денари. Станува збор за пензија којашто на даночниот обврзник му се исплаќа од странство.

Највозрасниот граѓанин кој остварил приход над 1.000.000 денари е на возраст од 98 години, додека во групата на остварени приходи над 10.000.000 денари е лице на возраст од 86 години.
А, најмладиот граѓанин кој остварил приход над 1. 000.000 денари во 2017-та година бил на возраст од 15 години, додека во групата на остварени приходи над 10.000.000 денари, најмладиот граѓанин имал 20 години.

Share.