Битолчани едвај ги чекаат позорникарите

0
1398

Враќање на маалските полицајци односно позорникари најави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, при неговата посета на општина Битола, и додаде дека на тој начин ќе се зголеми безбедноста кај граѓаните.

-Дел од стратегијата на ова раководство на МВР е кога ги посетуваме полициските станици да разговараме и со локалната самоуправа и заеднички да ја вратиме врската меѓу граѓанинот и полицијата. Денеска разговаравме за неколку теми. Едната е давањето насоки за воспоставување на позорната служба односно маалскиот полицаец на подрачјето на СВР Битола. Втората е активирање на советите за превенција со конкретен акционен план за посета на сите месни заедници во општините заедно со припадници на МВР, да се разговара за проблемите на граѓаните и на тој начин да придонесеме за враќање на довербата во полицијата кај граѓаните- рече министерот Спасовски.

Битолчани ја поздравуваат ваквата изјава на министерот.Велат дека ќе се чувствувале побезбедно со полицајци позорникари , а со тоа според нив ќе се намалело бројот на поситните кривични дела.

Вчера министерот Спасовски ја отцени безбедносната состојба на подрачјето на СВР Битола како стабилна и според него бележи намалување на криминалитетот. Според министерот Спасовски таква е состојбата и на ниво на цела држава, а се бележи зголемување на кривичните дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ и тоа за 111 проценти.