Битолчани на младинска размена во Анкара

0
552

Преку програмата Еразмус плус, млади битолчани на размена во Анкара, членови и волонтери на Здружението за меѓународна младинска соработка „Интерактив“ од Битола учествуваа на меѓународна младинска размена во Анкара на тема: Make the world green – Направи го светот зелен.

Општина Ќечиорен од Анкара која со партнерски организации од Македонија, Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија и Шпанија е организатор и носител на овој проект. Во рамките на проектот беше претставена Македонија и нејзините убавини и туристички места преку презентација како и преку традиционалната храна и македонската песна и оро.


Учесниците на размената имаа можност да се сретнат со министерот за животна средина на Р. Турција, градоначалникот на Општина Ќечиорен Мустафа Ак, а исто така садеа дрвца со амбасадорот на државата Руанда, Вилијам Нкурунзиза.

Претседателот на Здружението за меѓународна младинска соработка Интерактив – Битола, Мартин Николовски, потпиша Меморандум за соработка со Здружението за турска култура, уметност и интеракција од Момчилград, Бугарија со што за уште еден плус се зголемија партнерите за соработка со организации надвор од границите на Македонија. Тој, исто така за ТЕРА телевизија најави дека во наредниот период ќе бидат потпишани Меморандуми за соработки и со организации од Србија и Шпанија, со што делувањето на невладината Интерактив од Битола од локално ќе прерасне на меѓународно ниво, што е една од главните цели од самиот почеток на формирањето на организацијата.

Во рамките на проектот, учесниците изработуваа макети од значајни културни и историски објекти, за што македонската екипа ја изработи познатата битолска Саат кула.


Здружението за меѓународна младинска соработка Интерактив од Битола е непрофитна, граѓанска младинска организација која има за цел да обезбеди можности за локалната младина но и соработка со младите на меѓународно ниво.

Здружението е основано во јули, 2017 година во Битола, Република Македонија.