Битолчани патуваа низ Сончевиот систем

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Денес битолчани на Широк Сокак имаа можност да патуваат низ Сончевиот систем. Преку едукативна изложба која што имаше интерактивен карактер, сите вљубеници во астрономијата  имаа можност одблиску да ги проучат планетите. Изложбата ја направија Регионално географското друштво „Геосфера“ и Астрономското друштво од Битола во соработка со географско астрономската секција при Гимназијата „Јосип Броз Тито“ како и учениците од основните училишта „Тодор Ангелевски“, „Даме Груев“, „Св.Климент Охридски“ и „Ѓорѓи Сугарев“.

–Изложбата ја насловивме „Патување низ Сончевиот систем. Ние Сончевиот систем го намаливме за преку 23 милјарди пати, со што Сонцето го претворивме во едно тениско топче, пропорционално на тоа растојание ги наместивме сите планети и сите други небесни тела од Сончевиот систем по Широк Сокак, почнувајќи од плоштадот Магнолија. Со акцијата сакаме да го свртиме вниманието на младите, да ја возобновиме онаа идеја којашто пред повеќе години беше актуелна за изградба на мала опсерваторија на Тумбе кафе. Покрај сите работи во државата, треба малку да се внимава и на делот на науката. Децата навистина имаат голем интерес за астрономијата и сакаат да учествуваа во вакви активности“, рече Мите Ристов од „Геосфера“-Битола.

Бидејќи во Македонија нема факултет за астрономија, неколку генерации битолчани, замининаа да студираат во Словенија и други држави, а некои од нив станаа доктори на науки .Со поддршка на некои од нив, набавен е телескоп со кој се поттикнува интересот за астрономијата,  рече професорот Ристов.

Share.