Битолчани подготвени за навивање

Со натпреварот Турција – Италија, вечер од 21 часот стартува фудбалската магија, почнува Европското првенство. Дваесет и четири репрезентации во наредните триесет дена ќе се обидат да стигнат до финалето. Меѓу нив и нашата репрезентација која што за прв пат од осамостојувањето е на Европското првенство. Во недела во 18 часот ќе го играат првиот натпревар против Австрија. Како се приближува натпреварот така возбудата расте. Очекувањата на граѓаните се големи, особено после натпреварот со Германија која нашата репрезентација ја совлада со  2:1.

Се сретнавме и со поранешните македонски репрезентативци Митко Стојковски и Тони Мицевски.

Вториот натпревар македонските репрезентативци ќе го играат во четврток против репрезентацијата на Украина, а последниот натпревар во групата се игра на 21 јуни против Холандија. Останува да им посакаме среќа, да ги бодриме и како што ги испративме гордо, гордо да ги пречекаме.

Сподели