Битолчани ја одбележуваат Василица со мазник со паричка

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Со  жителите на градот под Пелистер ja одбележуваат православна Нова година, како и празникот Св. Василиј Велики, познат меѓу народот како Василица. Мазник со паричка се врти во сите православни куќи.

Битолчани на 13 спроти 14-ти јануари го вртат мазникот и веруваат дека на тој што ќе му падне парето ќе го следи среќа цела година. Едни тоа ќе го направат вечерва, други утре за време на ручек, а трети го направија вчера, дека недела па решиле адетото да го напреват заради слободниот ден.

Оваа традиција во Битола се негува со децении.За разлика од другите градови каде што паричка во леб се крши за Бадник, битолчани го прават тоа на Василица. Битолчани празникот Василица го празнуваат неколку дена. Во битолските ресторани се собираат вработени од фирмите и вратат мазник со паричка.

Некои адетот го прават на работните места, но речиси никој не го испушта. По вртењето на мазникот, се јадат домашни колбаси и се пие домашно вино. Оној најсреќниот го фрла првиот зар и почнува коцкањето. А потоа се завршува со песна и оро до рано наутро. Нема пекара во Битола да нема мазник со паричка на 14 ти јануари.

Share.