Битолчанката Стефанија Атанасовска е прв стипендист на фондацијата Тома Фила

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Стефанија Атанасовска студентка на Правниот факултет при УКЛО е првиот стипендист на фондацијата „Тома Фила“ за талентирани млади правници. Таа како стажант добива по 10.000 денари за своето стручно усовршување како адвокатски приправник. Стипендијата од фондацијата „Тома Фила“ ја чувствува како привилегија, особено поради стекнатото искуство од граѓанско и кривично право. Таа за стипендијата аплицираше со просек 9,82 од додипломските студии и просек 10 на магистерските студии по кривично право.

– Тоа претставува еден потик за мене и валоризирање на мојот труд на она што сум работела за време на студирањето, на мојата посветеност и ете на крајот тоа ми се исплати и м ие многу мило што јас сум прввиот стипендист на фондацијата Тома Фила, изјави Стефанија Атанасовска

Сепак да се биде адвокат не значи само да се познаваат законите и постапките пред надлежните институции, голема улога за успех игра и креативноста, снаоѓањето во животни ситуации, нешто што не ни го кажуваат на факултетите.

– За разлика од минатото, нели нашите родители ни кажуваат, дека тогаш студирањето било многу повеќе ценето многу повеќе се валоризирал квалитетот, денес повеќе тоа е насочено кон квантитет наместо квалитет, се надевам дека сето тоа во иднина ќе се измени, да се студира право значи една голема одговорност, правниците се тие кои заедно со економистите го движат општеството во целина, па ако е добар правник чесен и работен ќе имаме едно подобро општество на долгорочен план, вели таа.

Колку е важно стекнување практично искуство, за професионалната изградба на еден правник ?

– Додека јас студирав немавме многу пракса, но гледам дека сега Правниот факултет тоа го изменува се отвараат нови проекти како Правната клиника и се надевам дека сето тоа ќе вроди со плод и дека акцентот ќе биде ставен на праксата за студентите да можат да увидат на еден реален начин што значи да се работи како правник, изјави Атанасовска.

Покрај оваа фондација, Стефанија во текот на нејзиното студирање имаше можност да престојува и стручно да се надоградува на Унивезритетот во Виена, организирано во рамки на Правниот факултет.

– Престојот во Виена беше насочен за истражување, и беше насочен кон завршување на мојот магистерски труд, кој ми помогна да направам разлика како функционира тамошниот образовен систем, како функционира правниот систем, а запознав и многу лица меѓу кои и истакнати правници и професори, а со дел од нив останав и во понатамошен контакт, што секако е од големо значење за мене и за мојата понатамошна стручна надградба вели Атанасовска

Во иднина таа се гледа професионално во обвинителството.

-Иако стипендијата е насочена кон развој на адвокатурата , пред да се појави стипендијата како еден проект воопшто не бев насочена кон адвокатура , уште од мала моите амбиции се насочени кон обвинителство , се надевам дека таму ќе завршам , но ова пропратно е многу добро во смисла на стекнување на искуство , знаења и познанства, изјави Стефанија Атанасовска.

За идните правници таа вели дека доколку сериозно го сфатат правото и искрено се посветат на работата, успехот во кариерата ќе им биде загарантиран.
Инаку минатата година, на 38. роденден на Универзитетот „Свети Климент Охридски“ – Битола, беше промовирана Фондацијата „Тома Фила“, со намера секоја година да стипендира еден од најдобрите студенти од Правниот факултет. Оваа фондација ја основа познатиот адвокат Тома Фила кој потекнува од Битола, и кој има своја адвокатска канцеларија во Белград.

Share.