Битолчанка тешко повредена во сообраќајна несреќа

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Вчера околу 07.30 часот на крстосница од улиците ,,Арон Ароести “ и ,,Минела Бабуковски“ во Битола се случила сообраќајна незгода во која патничко возило ,,Мицубиши“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 36 годишно лице од Крушево удрило во 58 годишен пешак од Битола. Од ударот таа се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Клиничката болница Битола, каде и била укажана лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Битола, соопшти полицијата.

Share.