Блејк Шелтон многу сериозно си ја сфати улогата на родител, но тоа не значи дека не му е и забавно. Овој пејач е верен за Гвен Стефани која има три деца Кингстон Џејмс мекГрегор, 14 години, Зума Неста Рок 12 и Аполо Бови Флин 7 од бившиот Гевин Росдејл.
Тој исто така изјави дека не е лесно да се биде татко на деца кои не се твои но, секако е голема награда да се има шанса за тоа. “Не знам колку е тешко да се биде биолошки татко, јас израснав со цовек кој не ми беше биолошки татко но, тој е мојот херој и премногу го сакам и се огледувам на него и ден денес, тој ми е како татко.

Токму поради тоа имам голема инспирација во животот и желба да го правам ова и точно знам каков очув сакам да бидам и тоа го сфаќам многу сериозно. Но, исто така и целосно уживам во таа улога, и целосно сум искрен со вас зошто веќе пет години сме заедно сите и сега ми е најубаво.
Не можам да си го замислам животот без овие деца!”