ТЕРА

REKLAMA???

БЛИНКЕН ВО УШТЕ ЕДЕН ОБИД ЗА ПРЕКИН НА ВОЈНАТА ВО ГАЗА

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен во Ерусалим се сретна со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху како дел од тековните напори за постигнување прекин на огнот во војната во Газа.

Беа планирани и разговори со израелскиот министер за одбрана Јоав Галант. Денеска Блинкен треба да се сретне со израелскиот претседател Исак Херцог.

Блинкен претходно во Египет, каде што се сретна со претседателот Абдел-Фатах ал-Сиси, рече дека само палестинската група Хамас не се согласила со планот за прекин на огнот што го претстави американскиот претседател Џо Бајден.

– Значи, единствената страна што не прифати, единствената страна што не кажа „да“ е Хамас. Тоа е она што сите го чекаат, рече Блинкен. „Но, јасно е дека буквално целиот свет се обедини за да го поддржи предлогот и единственото отворено прашање е дали Хамас ќе каже „да“.

Блинкен ги повика владите на Блискиот Исток да извршат притисок врз Хамас да го прифати предлогот на Бајден за прекин на војната во Газа.

Претставниците на Хамас и Исламски Џихад на состанокот во Катар  повторија дека секој договор ќе мора да вклучува целосен крај на војната, сеопфатно израелско повлекување од Појасот Газа, реконструкција на крајбрежниот појас и крај на блокадата.