Селекторот на машката репрезентација на Македонија, Александар Јончевски го објави списокот на играчи на кои ќе смета за претстојните натпревари од претквалификациите за Евробаскетот во 2025 година.
На списокот се наоѓаат имињата на 14 кошаркари кои ќе бидат во конкуренција за средбите кои нашата најдобра селекција ќе ги одигра на 10 ноември, против репрезентацијата на Норвешка, и на 13 ноември, против репрезентацијата на Данска. Meѓу повиканите се наоѓа и капитенот на КК Пелистер, Бобан Стајиќ.
СПИСОК НА ПОВИКАНИ ИГРАЧИ НА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА
Бобан Стајиќ (Пелистер)
Андреј Магдевски (МЗТ Скопје Аеродром)
Војдан Стојановски (МЗТ Скопје Аеродром)
Адем Мекиќ (МЗТ Скопје Аеродром)
Дамјан Робев (МЗТ Скопје Аеродром)
Бојан Крстевски (МЗТ Скопје Аеродром)
Виктор Ефремовски (Гостивар)
Андреј Маслинко (Гостивар)
Страхил Николов (ТФТ)
Амар Хот (Феникс 2010)
Кристијан Николов (Коњаспор-Турција)
Стојан Ѓуроски (Оуренсе – Шпанија)
Теодор Симиќ (Борац Бања Лука-БиХ)
Ти-Џеј Шортс (Телеком Бон-Германија)
Селектор: Александар Јончевски












