Богата викенд програма во рамките на Интерфест Битола

Во Битола продолжува јубилејното 30. издание на Интернационалниот фестивал на класична музика „Интерфест“.

Викендов ќе биде изведена театарската претстава во изведба на актерите од Битолскиот театар кои ќе се претстават со неодамнешната премиера „И коњите ги убиваат, зар не?“ од Хорас Мек Кој, во режија на Мартин Кочовски. Оваа претстава на 55-тото издание на МТФ.Војдан Чернодрински беше наградена со три награди.

Претставата ќе биде изведена на 9-ти октомври, во салата Благој Стефановски во Народниот театар со почеток од 20 часот.

Во недела програмата продолжува со онлајн предавањето за македонското музичко творештво на музикологот, професор д-р. Викторија Коларовска Гмирја, предавање за македонското музичко творештво.  Предавањето ќе започне во 19 часот.

Во недела навечер рецитал ќе одржи пијанистот  Емил Рибарски, кој ќе изведе дела од Лист, Равел и Шопен. Рибарски покрај многубројните домашни и концерти надвор од државата, настапувал и на меѓународниот фестивал „Л’Ескала“ што се одржува во Жирона, Шпанија. Рециталот е со почеток од 20 часот.

 

Неда Маретиќ

Сподели