Богата концертна агенда за 25 години Авалон

0
218

После организираните концерти на Каролина Гочева за промоција на нејзиниот најнов албум Извор, Авалон продукција со богата агенда за оваа година.
По пауза од три години, човекот на кого навистина не му е потребна никаква реклама и човекот на кого навистина не му се потребни никакви артибути и суперлативи во најавата- Ѓорѓе Балашевиќ, доаѓа да одржи концерт за којшто сите знаеме дека ќе биде уникатен. Концертот ќе се одржи на 19ти мај. После него доаѓа Јосипа Лисац, која во рамките на својата турнеја „50 години Јосипа“, после распродадените големи концерти во арена Пула, Сава Центар, неколку последователни концерти во Лисински во Загреб, својот последен концерт во оваа низа ќе го одржи во Скопје, во новата сала на Македонската Филхармонија.

Во рамките на последната светска турнеја, насловена како и нивниот последен албум “Score”, популарното дуо 2 CELLOS, ќе настапи во Скопје на 06ти октомври годинава, во ВИП Арена Борис Трајковски.

2 CELLOS за прв пат доаѓаат во Македонија со големо продукциско арена шоу, какво што во изминативе неколку години го имаат во сите големи арени низ целиот свет.

Како што насловот зборува се`, водечките тандеми на електронската музичка сцена (не само последниве неколку години, туку и денес), Dimitri Vegas & Like Mike, доаѓаат за прв пат не само во Македонија, како хедлајнери на Ohrid Calling 2018, на 01-ви август 2018 година.

Водечките тандеми на електронската музичка сцена Axwell & Ingrosso, доаѓаат како хедлајнери на Skopje Calling 2018, на 21-ви јуни.