ТЕРА

REKLAMA???

БОГАТА ПРОГРАМА ЗА ВТОРАТА ВЕЧЕР НА ИЛИНДЕНСКИ ДЕНОВИ ВО БИТОЛА

До 31. јули, Битола ќе наликува на една голема сцена, со 65 настани на различни локации.  Фестивалот „Илинденски денови“, кој е дел од програмата на Битолското културно лето Битфест, 15-то по ред оваа година, носи над  1.200 гости од Ирска, Италија, Мексико, Чиле, Грузија, Хрватска, Србија, Бугарија и Македонија кои настапуваат на многу локации низ градот.

На втората вечер на традиционална музика и игра настапија КУД 8- ми Октомври од Крива Паланка, Фолклорната група од Сицилија, Италија, КУД Дримкол од Вевчани, фолклорната група од Родина, Варна, Бугарија, КУД 7- ми Септември Македонски Брод, Ансамблот од Грузија, ДМБУЦ Илија Николовски Луј од Скопје и групата од Мексико.

Посебна презентација после овие настапи имаа групата од Ирска на плоштадот Магнолија, а тука беше и фолклорната прошетка низ светот со КУД Тена од Џаково, Хрватска пред Офицерскиот дом.

“Илинденски денови” е амбасадор на македонската култура во светот. Фестивал што започна скромно како републички фестивал на народни песни и игри пред повеќе од половина век, а прерасна во интернационален и е единствен фестивал од Македонија што е во елитата на фолклорни фестивали во светот.