Богов се повлекува од кандидатурата за гувернер на НБРМ

0
212

Димитар Богов се повлекува од кандидатурата за гувернер на Народната банка на Македонија и за тоа веќе го известил претседателот на државата Ѓорге Иванов, кој го предложи за нов мандат на функцијата.

Богов посочува дека ја донел одлуката имајќи ги предвид реакциите на дел од чинителите во политиката и роковите за избор на гувернер. Тој во пишана изјава за МИА порачува дека Народната банка не смее да се остави без гувернер и дека очекува решение во најкус можен рок, кое ќе биде во интерес на Македонија.