„Предложениот Манифест е во корелација и на линија со декларацијата која беше изгласана лани во Собранието за позициите кон Бугарија и во преговорите. Предвидува заеднички сите да настапиме за да ја оствариме целта членство во ЕУ до 2030 година“ рече потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев во ТВ24.
Тој додаде дека Манифестот повикува на зачувување на македонскиот јазик, идентитет, култура.
„Прашањето е што од овие работи, заштита на јазик, идентитет, култура, позицијата Македонија да влезе во ЕУ до 2030 година, да ги спроведеме реформите дома е спорно за ВМРО-ДПМНЕ за да преговараме за тоа?“ запраша Богоев.
Потпретседателот на СДСМ додаде дека тие како владејачка партија имаат волја и се спремни да отстапат се што ќе побара ВМРО-ДПМНЕ за заеднички да се изгласаат уставните измени и да се продолжи евроинтегративниот процес на земјава.












