Богојавление неработен ден за граѓаните од православната вероисповед

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците, 19 јануари 2022 година (среда), Богојавление (Водици), е неработен ден за граѓаните од православната вероисповед.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика им го честита празникот Богојавление (Водици) на граѓаните од православната вероисповед.

Сподели