ТЕРА

REKLAMA???

БОЕНКА И РАБОТИЛНИЦА „НАРОДНАТА КУЛТУРА ТРАЈНА ИНСПИРАЦИЈА“ НА ИЛИНДЕНСКИ ДЕНОВИ

Во рамките на 54. Илинденски денови – фестивал посветен на светскиот фолклор и на културно-научната размена, се одржуваат и работилници за деца. Велат „Ако го оставиме светот на децата, тој ќе биде едно прекрасно магично место“. Па така во рамките на фестивалот и детската програма, се одржа и промоцијата на боенката „Народната култура – трајна инспирација во моето творештво“,во Битолскиот Завод и Музеј, а воедно започна и Детската ликовна работилница на истата тема во Центарот за култура. Оваа работилница претставува природно програмско надоградување на Државната изложба на детски ликовни творби.

Боенката ја промовираше Валентин Соклевски стручен соработник и долгогодишен главен координатор на фестивалот Илинденски денови. Учесниците на работилницата можеа практично и активно да проследат програмските делови на фестивалот „Илинденски денови“ и да создаваат творби инспирирани од обичаите, ората, носиите, инструментите и слично. Во рамките на работилницата беа реализирани предавања во врска со народната култура, духовното и материјалното културно наследство, институцијата Музеј и Центар за култура.

Посетителите на годинешното издание на Илинденски денови ќе имаат можност да се нурнат во волшебните ритми, традиционалната музика, песна и игри, како и кореографиите што го одземаат здивот и што го прават фолклорот толку негувана уметничка форма. Овој настан е своевидна платформа и за стручната јавност, како и за уметниците и изведувачите со цел да ги споделат своите таленти и да ја прослават различноста на нивното културно наследство.