Божиќниот концерт во Битола ги воодушеви присутните

Во Офицерскиот дом се одржа Божиќниот концерт во организација на Општина Битола, а по повод големиот христијански празник Божиќ.

Присутните имаа можност да го проследат настапот на машкиот хор “Свети Нектариј Битолски“ и женскиот хор “Света  Макрина“ од Битола.

Хорот “Св. Нектариј Битолски“ , настапи под диригентска палка на Игор Гулевски. Тие ги изведоа: Тропар на Раѓањето Христово, Тропар на Св. Нектариј Битолски, Воскресни тропари, Задостојник на Раѓање Богородично, Задостојник на Раѓање Христово, Божикна катавасија, “Достојно е“, “Свети Боже“ и “Света Дево“.

Хорот “Света Макрина“ ги изведе црковните песни: Тропар на Раѓањето Христово, “Дева денес“, Псалм 33, Причесен 150 псалм, “Царице Небеснаја“, “Вечниот Бог“, “Слава Богу за все“ и “Света Дево, а со истиот диригираше Мери Чекуткова.

На Божиќниот концерт присуствуваше Владиката Петар, градоначалникот на Битола, Тони Коњановски и љубители на црковната музика.

Сподели