Федералната администрација за воздушен сообраќај на САД (ФФА) издаде предупредување за авионите „Боинг 777“.
Објавата уследи откако откажа моторот на авион од овој тип на компанијата „Јунајтед“ над Денвер, Колорадо, а негови делови паѓаа врз куќи. Исто така, наредена е итна инспекција на ваквите авиони.
Шефот на ФФА, Стив Диксон, објавил дека директивата се однесува на авиони опремени со мотори „Прат Витни ПВ 4000“ и најави дека по инспекцијата, некои авиони ќе бидат повлечени од употреба.
Во ист ден се случи сличен инцидент и во Холандија, кога делови на авион „Боинг 747“, почнале да паѓаат на земјата кога избил пожар во еден од моторите.