Викендов заврши Првата македонска лига во бокс, а БК Пелистер заврши на второто место. Боксери кои настапуваа за БК Пелистер на екипното првенство сезонава се Александар Најдовски, Рамон Kазимов, Анонио Чоновски, Ален Рустемовски, Ружди Рустемовски, и Адријан Рустемовски.
Боксерскиот клуб Универзалци од Скопје го освои првото место.
Шампионатот привлече голем интерес и огромна масовност од сите клубови од целата земја.












