ТЕРА

REKLAMA???

БОЛНИЦА ПЛОДНОСТ ЈА ОДБЕЛЕЖУВА СВЕТСКАТА НЕДЕЛА НА ДОЕЊЕТО

Од 1-7 август се одбележува Светската недела на доењето. Болница Плодност како и секоја година и годинава се приклучува на оваа масовна кампања, чија цел е подигнување на свеста од важноста на доењето, кое е од особено значење за новороденчето и мајката.

Мајчиното млеко поради својот состав и квалитет е незаменлива храна за доенчето. Препорачливо е веднаш, по породувањето во рок од 1 час да се започне со доење, велат од Болница Плодност.

„Првото млеко кое се нарекува колострум започнува да се лачи уште во последните три месеци од бременоста и е богато со многу антитела. Цицањето е најголем поттик на надоаѓањето на млекото поради што е значајно доенчето да се стави на дојката што порано. Иако станува збор за природна појава, мора да се земе во предвид дека е потребно трпение и вештина за да се научат и бебето и мајката на правилно доење.

Ќе наведам неколку од предностите за бебето од доењето:

Содржи се што му треба на бебето во првите 6 месеци, лесно е сварливо и предизвикува помалку стомачни тегоби. Бактериолошки е исправно и го штити бебето од дијареа, го унапредува севкупниот развој на бебето, блискиот контакт со мајката, го унапредува емотивниот и психичкиот развој на бебето, млекото е секогаш чисто, топло и подготвено.

Исто така, предности има и за мајката:

Психолошки ефект, кога мајката се чувствува среќна и задоволна, го потпомага намалувањето на крварењето од матката по породувањето, има ограничен контрацептивен ефект итн.

Многу е важно да се започне со правилен начин на доење. Затоа, нашиот медицински персонал и сестрите, постојано се во консултација со мајките и им помагаат да се оствари првичниот контакт со бебето, правилно да се постави на градата и правилно да започне процесот на доење.

Во Болница Плодност до пред појавата на Ковид-19, се одржуваше Мајчината школа, во која идните мајки се подготвуваа за цел процес на породување, вклучувајќи го и доењето. Истата ќе продолжи со работа, кога ќе се создадат услови во новите предвидени простории на болницата“, рече главната медицинска сестра во Болница Плодност, Ребека Алексовска.