ТЕРА

REKLAMA???

БОЛНИЧАРКАТА ОД ИНФЕКТИВНА Е ВО СТАБИЛНА СОСТОЈБА

Стабилна е состојбата на болничарката која пројави симптоми на Конго – кримска хеморагична треска и се надеваме дека така и ќе остане, велат од Инфективната клиника. Како што објасни  д-р Добринка Наунова-Јовановска од  Клиниката за инфективни и фебрилни состојби, болеста е специфична, си има еволуција, затоа секој момент се следи  состојба на пациентката.

Болеста се карактеризира со излачување многу секрет и многу крвавења. Таа не се пренесува по воздушен пат, преку аеросоли, како што беше со ковид-19. Болничарката била трета смена кога ја негувала пациентката од Штипско, која имаше многу крвавења. На Клиниката носиме заштита, но веројатно при вадење на ракавиците, маската, прснало во очите, во слузницата – вели  д-р Наунова-Јовановска и дополни дека болничарката веќе пет дена е болна.

Според неа болничарката се следи да не дојде до влошување, оти како што појаснува овој искусен инфектолог за оваа болест неопходна супортивна, заменска терапија, да се надоместува сѐ што се губи.

-Првите денови од болеста не се така лоши, потоа се влошува и затоа се следи состојбата – објасни д-р Наунова-Јовановска и додаде дека нема место за паника.

Рената Младеновска, директор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, објасни дека нивните екипи веднаш заминале на терен во Инфективната клиника, по добиена информација од страна на Институтот за јавно здравје за новиот случај на зараза.

-На 5 август, екипа на епидемиолози од Центар за јавно здравје – Скопје изврши епидемиолошки увид, земени се анкети и контакти. Информацијата е споделена со ДСЗИ и ние како институција издадовме уште 11 решенија, односно тоа се контакти на веќе хоспитализираната пациентка којашто е и вработена на Клиниката за инфективни болести. Тие 11 контакти ќе бидат под 14-дневен здравствен надзор, соопшти  Младеновска.