Бомбашки напад во џамија во Бенгази, Либија

0
161

Две лица загинаа, а 55 се повредени со две бомби во џамија во источниот либиски град Бенгази, соопштија медицински лица, пренесе Ројтерс.

Пред две недели околу 35 лица загинаа во друг двоен бомбашки напад во џамија во Бенгази, втор по големина град во земјата.

Денешните експлозии се случија за време на молитвите во мала џамија која се наоѓа во областа Мажури, велат жителите. Уредите, ставени во кеси на вратите од џамијата, се чини дека биле активирани од далечина со помош на мобилен телефон, соопшти еден воен извор.

Бенгази е под контрола на Либиската национална армија (ЛНА) доминантната сила во источна Либија предводена од командантот Калифа Хафтар.

мкд.мк