Боречки вештини против агресијата кај децата

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Боречките вештини се еден вид на спорт кој го ослободуваат организмот од негативната енергија и придонесуваат секогаш телото да е во подготовка на некоја неочекувана реакција од надворешната средина.

Децата преку акционите филмовите ги гледаат нивните суперхерои и во нивната потсвест сакаат да се идентификуваат со нив, па тогаш и им се раѓа идеата преку боречките вештини да добијат позиција на некој нивни суперхерој. Сепак она што е најважно е дека преку тренирањето на боречките вештини агресијата се сведува на минимално ниво.

-Децата се агресивни пред да почнат да вежбаат боречки вештини, секое дете или секој повозрасен кој ќе почни да вежба боречка вештина сваќа до каде биле неговите граници пред да почни да тренира а со самиот тренинг на боречка вештина инцидентите завршуваат,изјави Александар Ацевски претседател на македонската Џиу-џицу федерација

Ова им е втор семинар каде младите се запознаваат со нови техники на самоодбрана.

-Правиме вакви заеднички тренинзи со цел на младите да и се пренеси знаење и искуство, се дружиме соработуваме, секоја соработка е од корист на сите. Во соработка сме со многу други школи од Македонија и особено со германски школи каде што сме нивни членки, изјави Сашко Мирчевски Нинџицу клуб Битола

Боречката вештина џиу-џицу се учи и како боречка вештин, но и како физичко и ментално учење.

Интересот за џиу-џицу е добар, вели Ацевски.

Клубот постои од 2005 година и брои 30 активни членови.

Џиу- џицу клубот од Битола за краток период имаат постигнато многу успеси како на домашни така и на странски терен. А како најголем успех ја издвоиа победата во Загреб, каде што освоија две победи и еден пораз против американ топ тим кој важи за еден од популарните школи во целиот свет.

Share.