Борисов и Захариева нема да се сретнат со Иванов

0
523

Состаноците со претседателот Иванов нема да се одржат. Не сакаме да се мешаме во внатрешните работи на нашата соседна држава. Ова за БГНЕС го изјавија претставници на бугарското Министерство за надворешни работи по најавата за средби на премиерот и на шефот на бугарската дипломатија со македонскиот претседател.

Кабинетот на македонскиот претседател денеска најави дека за време на дводневната официјална посета на Бугарија, Иванов ќе се сретне и со премиерот Бојко Борисов и со министерката за надворешни работи Екатерина Захариева.

„Нашата позиција е принципиелна и јасна, како и на целата меѓународна заедница. Позицијата на претседателот на Република Македонија е јасна. Бугарската влада смета дека нема смисла да се користат овие средби за внатрешни дебати во Скопје“, велат од МНР.

Клучно за развојот на нашата соседна држава е интеграцијата во ЕУ и НАТО и таа не смее да биде доведена во прашање, велат за БГНЕС извори од бугарското МНР.

Претседателот Иванов одби да го прифати договорот меѓу премиерите на Грција и Македонија за промена на името во „Република Северна Македонија”.

mkd.mk