Песната „ Бор садила мома Евгенија“ доби нова изведба од страна на Драги Полизовски на еден доста невоообичаен начин, на чаши.
За разлика од другите музичари, чии инструменти имаат ознаки поради кои полесно се снаоѓаат при свирењето, неговите чаши изгледаат идентично, но тоа не е проблем тој да ја отсвири песната без грешка.
Полизовски е препознатлив музичар од од македонската сцена, виртуоз на изворни народни инструменти, мултиинструменталист кој свири на повеќе од 10 инструменти. Тој досега има соработувано со повеќе познати личности од македонската сцена и повеќе години е член на групата Play Band и незаменливиот Филип Божиновски.












