Босански Брод: Еден загинат и деветмина повредени во експлозија во рафинерија за нафта

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Едно лице загина, а деветмина се повредени во експлозија која се случи синоќа во рафинерија во Босански Брод. Шестмина се задржани на лекување во болницата Свети Апостол во Добој, а степенот на нивните повреди сѐ уште не е познат. Тројца се пуштени на домашно лекување.

Увидот на местото на експлозијата ќе се изврши денеска, а со него ќе раководи обвинител од Добој.

 

Експлозијата се случи синоќа околу 21.30 часот во делот за преработка на нафта.
makfax.com.mk

 

https://youtu.be/IZvtNNsb4r8?t=2

 

 

Share.