За прв пат по исклучувањето од социјалните медиуми беше промовирана кампањата за колекцијата на Ботега Венета која го носи името Салон 01 и е наменета за сезоната Пролет/Лето 2021.

После неполн месец откако целосно се исклучи од социјалните мрежи за прв пат, Даниел Ли и неговиот креативен тим одлучуваат во кампањата да вклучат две познати уметници: Германската концептуална уметница Розмари Трокел и актерката, композиторка и сценаристка Шејла Атим.




Кампањата ги вклучува и моделите Нора Свенсон, Никита Стсјолоков, Отава Квами, Андреа Русо, а за фотографиите е задолжен Тирон Лебон. Вистинските ѕвезди на кампањата се секако текстурите и боите на Ботега Венета кои доминираат во колекцијата.